Тешка сообраќајка кај Прилеп, се судрија две возила

Teшка сообраќајна несреќа се случи доцна попладнево на патниот правец Битола-Прилеп, во непосредна близина на населеното место Тополчани.

Според информациите не дел од медиумите, судрени се две возила, од кои едното од ударот излетало од коловозот.

Полицијата на лице место изврши увид, а сообраќајот се одвивал по една лента.

Засега нема информации за повредени лица.

Повеќе информации во текот на утрешниот ден.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде