ТАЖНА ВЕСТ утрово ги потресе штипјани: Почина легендарниот Бонавена

Почина култниот штипски лик познатиот Зоран Лазов – Бонавена.Го знаеја децата од маалото,но и премиери и претседатели

Денес во Штип на 59 години, почина еден од култните штипски ликови Зоран Лазов – Бонавена. Репутацијата Бонавена ја стекна со добронамерност,непосредност и како голем спортски активист.

Се огласија и од неговата матична партија СДСМ.

Со длабока тага и неверување ја примивме веста за прераната смрт на нашиот драг сопартиец Зоран Лазов- Бонавена.

Неговото ненадејно заминување остава празнина во нашата заедница, каде тој беше почитуван и ценет заради својата посветеност, енергија и другарство.

Во овие тешки моменти, изразуваме искрено сочувство до неговото семејство и најблиските.

Погребот е во вторник 25.02 во 11:00 часот на градските гробишта го Штип.

Почивај во мир , другар.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде