Тешка несреќа: Се судрија „голф“ и „пасат“ – повеќе лица се повредени

Млад возач е тешко пвореден во сообраќајна несреќа на патот Битола – Прилеп, додека малолетник и уште неколку лица се полесно повредени. 

– Вчера во 17.00 часот во СВР Битола било пријавено дека на патот Битола – Прилеп, кај село Лознани, битолско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со битолски регистарски ознаки,

управувано од А.М.(50) од Битола и патничко возило „фолксваген пасат“ со кичевски регистарски ознаки, управуванo од И.С.(26) од Кичево.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот И.С., констатирани во Клиничка болница Битола, додека возачот А.М, сопатниците во возилото „голф“ – Џ.М. и малолетник од Битола, како и Х.Т.(25) од село Староец, кичевско, се здобиле со телесни повреди, информираа од полицијата. 

Увид на местото  извршила увидна екипа на СВР Битола.  

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде