Во судир на два автобуси на јавен превоз во градот Сарбрикен во западна Германија повредени се многу луѓе, меѓу кои и деца, соопшти полицијата.
Се уште не е познат точниот број на повредени, ниту околностите.
Несреќата се случила околу 9 часот.
На местото пристигнала полиција и брза помош.
Распореден е и спасувачки хеликоптер.
