Тажна вест: Почина Зоран Лазов

Утринава почина Зоран Лазов меѓу штипјани познат како Бонавена. Тој беше голем активист, поддржувач на спортот, постојано на спортските тренери.

Репутацијата Бонавена ја стекна со добронамерност,непосредност и како голем спортски активист.

Го одржуваше и фудбалскиот клуб Бело Брдо. Последниот период не беше во добра здравствена состојба, се до утринава кога и почина.

Се огласија и од неговата матична партија СДСМ.

Со длабока тага и неверување ја примивме веста за прераната смрт на нашиот драг сопартиец Зоран Лазов- Бонавена.

Неговото ненадејно заминување остава празнина во нашата заедница, каде тој беше почитуван и ценет заради својата посветеност, енергија и другарство.

Во овие тешки моменти, изразуваме искрено сочувство до неговото семејство и најблиските.

Погребот е во вторник 25.02 во 11:00 часот на градските гробишта го Штип.

Почивај во мир , другар.

Погребот е во вторник, 25 февруари, 2025 година во 11 часот на градските гробишта во Штип.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде