Земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала рано утринава ја погоди Канада, соопшти ЕМСЦ.
Земјотресот е регистриран во 6 часот и 37 минути, во областа на островот Ванкувер.
Хипоцентарот на земјотресот, според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар,
се наоѓа на длабочина од приближно 10 километри под површината на земјата.
Засега нема извештаи за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат состојбата.
