Тешка сообраќајна несреќа се случи доцна синоќа на булеварот „Теодосиј Гологанов“, во близина на „Веро Маркет“.
Според неофицијални информации, е повреден случаен минувач.
На местото на несреќата може да се забележат превртен семафор, искршени автомобили на тротоарот и парчиња стакло расфрлани по коловозот,
што сведочи за сериозноста на судирот во кој учествувале две возила.
Повеќе информации од Министерството за внатрешни работи се очекуваат во текот на денешниот ден.
