Ужасна вест од срцето на Европа: Во куќа пронајдени тела на две деца и еден маж

Три тела се пронајдени во германската општина Нојмарк во Фогтланд во вторникот околу 08:30 часот.

Полицијата ги пронашла во куќа на улицата Нојмаркер во областа Шенбах, откако биле повикани од сведок.

Двајца од загинатите се деца, изјави портпаролката на полицијата, додека третото починато лице е 55-годишен маж, пренесува Билд. Се вели дека се работи за 5-годишно момче и неговата двегодишна сестра.

Според германските медиуми, децата ги убил таткото, кој потоа се обесил во станот.

„Како татко, шокиран сум од таквата трагедија. Моите мисли се со ужалените и погодените во округот Нојмарк“, рече Томас Хениг, окружен администратор на округот Фогтланд.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде