ТАЖНА ВЕСТ: Почина познатиот македонски драматург

Со огромна тага ја споделуваме веста за смртта на нашата колешка Наташа Маневска, драматург во НУЦК “Ацо Шопов” – Штип, соопшти штипскиот театар.

Маневска беше член на нивниот колектив од 2011 година и во периодот од 2011 до 2015 г. беше на чело на институцијата како директор.

Од 2016 година беше на работното место драматург.

Посмртните останки ќе бидат изложени во капелата на градските гробишта во Штип, во четврток, 27.02.2025 г. од 13 до 14 часот.

Комеморација во нејзина чест ќе се одржи во Театар Штип, во петок, 28.02.2025 г., во 12 часот. 

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде