Серија апсења во Македонија – претреси и апсење во Кавадарци, Скопје, Штип

На 27.02.2025 во 00.30 часот во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци ги лишиле од слобода Т.Б.(27) и П.А.(27) од Кавадарци.

Тие биле фатени веднаш по извршување „тешка кражба“ во паркирано товарно возило и работна машина во Кавадарци, при што одзеле нафта и други предмети. Во возилото во кое се превезувале било пронајдено одземеното, а лицата биле задржани во полициска станица. Извршен бил увид и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 26.02.2025 во 13.50 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Б.А.(28) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

На 26.02.2025 во 17.30 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар,  полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Џ.Д.(51) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

На 26.02.2025 во 19.45 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода П.П.(25) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

На 26.02.2025 во 20.00 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода С.М.(22) од Штип затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. По документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок. 

На 26.02.2025 во 22.30 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода А.С.(21) од Штип затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. По документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

МВР билтен

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде