УЖАС: Прегазено дете, со тешки повреди итно пренесено во болница, возачот побегнал

Вчеравечер во 21.30 часот во СВР Тетово било пријавено дека на кружен тек од ул.„Јане Сандански“ со ул.„Гоце Стојчески“ во Тетово

патничко возило удрило во малолетен пешак од с.Шемшево, тетовско, по што возачот со возилото го напуштил местото на настанот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Клиничката болница Тетово.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде