УЖАC: Доцна синоќа прегазена 25-годишна жена, возачот бил со со 1,35 промили алкохол во крвта

Приведен е 48-годишник кој синоќа под дејство на алкхол удри во млада девојка на улица во Скопје. Девојката е со тешки телесни повреди на Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Возачот е приведен.

– На 02.03.2025 околу 00.15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул. „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје патничко моторно возило „мерцедес“ со скопски регистерски таблички, управувано од Н.Н. (48) од Гостивар удрило во Б.Л. (25) од Битола.

Со возило на Итна медицинска помош Б.Л. е пренесена во Клинички центар „Мајка Тереза“, каде и се констатирани тешки телесни повреди.

Н.Н. е алкотестиран и утврдено е дека возилото го управувал под дејство на 1,35 промили алкохол по што, по наредба на јавен обвинител, е лишен од слобода, а возилото „мерцедес“ е одземено за понатамошна постапка.

По документирање на случајот, СВР Скопје ќе поднесе соодветна кривична пријава, информираше МВР.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде