Страотна несреќа, две млади момчиња со тешки повреди пренесени во болница

Две лица се тешко повредени во сообраќајка која вчера се случи на крстосницата од  улиците „Веселин Маслеша“ и „Трајко Прокопиев“ во Куманово.

Во сообраќајката учествувале патничко возило „опел“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Д.Ј.(44) од Куманово,

и мопед со кумановски регистарски ознаки, управуван од Љ.Т. (42) од Куманово.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот и неговиот малолетен сопатник, констатирани во Општата болница Куманово.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде