Се огласи ќерката на Саша Поповиќ
Ќерката на Саша Поповиќ, Александра, се огласи на својот Инстаграм профил прв пат по смртта на нејзиниот татко.
Таа се огласи два дена по тажната вест и во името на целото семејство им се заблагодари на сите што сочувствуваат со нив.
„Им се заблагодарувам на сите добри луѓе кои ни изразија сочувство и кои сочувствуваат со нас во нашата болка, семејството Поповиќ“, стои на нејзиниот Инстаграм профил со фотографија на нејзиниот татко.

Потсетуваме, Саша Поповиќ почина на 1 март во болница во Париз, а од бракот со Сузана Јовановиќ има ќерка и син.
Покрај ќерката Александра, тој го има и синот Даниел, на кој му беше очув, но кого го сакаше како свое дете.