Микица Гачиќ открива детали од последните моменти на Саша: Oва им го забранил на сите

Балканскиот естраден маг Саша Поповиќ на 1. март ја изгуби битката од тешката болест од која што боледуваше.

Поповиќ зад себе ја остави ќерката Александра, потоа сопругата Сузана и својот посинок Даниел, а во голема тага се и неговите пријатели, бројни колеги и естрадни ѕвезди со кои соработуваше.

Тој во текот на својата кариера подолга од цели четири децении беше задолжен за бројни пејачи кои со негова помош се прославија, па по неговата смрт со трогателни пораки се збогуваа од него на социјалните мрежи и на семејството му искажаа сочувство.

Поповиќ беше голем пријател и со харминикашот Микица Гачиќ кој со него бил на телефонска линија речиси до последниот моменти.

Тој веднаш по смртта на Поповиќ се огласи и во емисијата СЦЕНА откри детали од последните моменти од животот на Поповиќ.

„Голема жал, голема тага и голема загуба за сите нас. За целата естрада, замина еден од најголемите и најдобрите“, вели Микица.

Тој потоа додаде дека последните неколку дена почнал да се гаси и дека до пред само неколку дена се слушал со него.

„Сузана беше со него и Александра, неговата ќерка. И синот Даниел. Тие беа во собата покрај него кога издивна, но никому не даваше да тагува. Такво достоинство до последниот ден имаше во себе. Кога зборувавме никому не даваше да ја спомене болеста. Знаеше за секој кандидат не само кога беше на аудиција, туку и што тој некој пееше на аудицијата“, вели познатиот хармоникаш во „СЦЕНА“.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде