Дарко Костовски: Престана да чука најспортското срце што некогаш постоело

На 49-годишна возраст почина Буваисар Саитиев, еден од најдобрите борачи на сите времиња. Го загуби животот на 49-годишна возраст, а причината за смртта не е објавена.

Саитиев беше шесткратен светски и трикратен олимписки шампион. Освои злато во борење на Игрите во Атланта во 1996, Сиднеј 2000 година и Атина во 2004 година.

Во 2007 година беше прогласен за најдобар борач во историјаа на ФИЛА. Од 2015 година до неговата смрт, беше претседател на Чеченската боречка федерација.

Многу познати личности од светот на боречките вештини се збогуваат со Саитиев. Меѓу нив и голем број на ММА легенди кои својата доминација ја граделе преку борењето.

Се огласи и градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски:

Претсана да чука најспортското срце што некогаш постоело.

Вечерва на 49 години почина Бувајсар Саитиев, според мое цврсто убедување најголемиот спортист на сите времиња.

Саитиев беше три пати олимписки шампион, шест пати светски, и шест пати европски шампион во најтешката работа на светот. Слободен стил борење.

Саитиев е најдобриот борач што некогаш е виден.

Вечна слава за кралот на борењето, напиша Костовски.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде