Актерот почина по долго боледување.
Комичарот Џорџ Лоу почина на 67-годишна возраст.
Лоу е најпознат како гласот на Space Ghost во анимираната серија Space Ghost Coast to Coast.
Во објава на Фејсбук, долгогодишниот пријател и новинар Марвинс Бун откри дека Лоу починал по долго боледување.
– Целосно сум скршен. Мој брат и најдобар пријател над 40 години, Џорџ Лоу, почина по долго боледување. Почина и еден дел од мене. Тој беше исклучително талентиран уметник и гласовен актер.
Вистински гениј со топло срце. Најсмешниот човек на светот. Со години му ги крадам шегите. Тој беше гласот на Space Ghost и многу повеќе – напиша од Марвинс Бун.
