Згасна уште еден човечки живот на македонските патишта: Прегазен велосипедист

Денеска о СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Киро Глигоров“ во Скопје, возило „мицубиши аутлендер“ управувано од К.В.(26) од Скопје,

удрило во велосипед, управуван од Б.К.(78) од Скопје.

Од здобиените повреди, на местото на настанот починал велосипедистот Б.К., а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.

Увид извршиле увидна екипа од СВР Скопје и јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било дадено на обдукција, а возачот К.В. бил уапсен.

Возачот е приведен во Полициската станица во Кисела Вода за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде