ОГРОМНА ТАГА Ова се Марија и нејзината мајка кои загинаа во страотна сообраќајна несреќа

Санела С. и нејзината ќерка Марија.С. Тие синоќа изгореа во пожар што избувна во нивниот автомобил по сообраќајна несреќа.

Несреќата се случила во Мала Босна кај Суботица синоќа во 19 часот и 20 минути.

Кобната несреќа се случила кога Ј.Т. (52) додека управувал со „пасат“, поради непрописна брзина, изгубил контрола над возилото и престигнал возило „фиат панда“ што се движело пред него и удрил во него.

По судирот двете возила се превртеле на покривот, а Фиатот се запалил.

Две лица од Фиатот починале на местото на настанот, додека Ј.Т. и неговиот сопатник од пасатот се пренесени во болницата во Суботица каде им се констатирани тешки телесни повреди и се задржани на понатамошно лекување.

Утврдено е и дека Ј.Т го управувал „пасатот“ со содржина на алкохол во крвта од 2,07 промили и по наредба на надлежен јавен обвинител во Суботица ќе биде поднесена кривична пријава за сторено тешко дело против безбедноста на јавниот сообраќај.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде