Трагедија: 31-годишен маж почина во возило на Брза помош

Полицијата извести дека вчера од Ургентен центар во Гостивар било пријавено дека кај нив со возило на Итна медицинска помош бил донесен починат Л.С.(31) од Република Косово.

Според пријавеното, на Л.С. му се слошило во домот во кој привремено престојувал во Гостивар, по што побарал помош во приватна здравствена установа,

а додека му била пружана помош состојбата му се влошила и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Ургентен центар Гостивар, каде што била констатирана смрт.

Извршен бил увид и по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде