Се судрија товарно возило и „ауди“ – има повредени

Вчера во 21.00 часот во СВР Скопје била пријавена сообраќајка која се случила на регионалниот пат Скопје-Тетово, во атaр на село Арнакија, општина Сарај,.

Сообраќајката се случила помеѓу товарно возило „ивеко“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.И.(30) од Скопје

и патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.А.(39) од с.Буковиќ, скопско.

„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Р.И., констатирани во Градската општа болница „8 Септември“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје“, велат до МВР.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде