Од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство соопштија дека денеска била реализирана исплата на три мерки за директни плаќања.
– Продолжуваме со исплатата во сточарството. Денеска се реализираше исплатата на мерките за директни плаќања за мали земјоделски стопанства дефинирани според историски плаќања за претходните три години,
директни плаќања за обележани грла кози постари од 12 месеци и директни плаќања за женски приплодни грла-маторици, наведуваат од МЗШВ.
Висината на директни плаќања за мерката за мали земјоделски стопанства, дефинирани според историски плаќања за претходните три години, како што појаснуваат, се утврдува како просек од висината на одобрените финансиски средства за директните плаќања по програмите за финансиска поддршка во земјоделството за 2021, 2022 и 2023 година.
-За одобрен просек од 0 до 10.000 денари – висината на финансиска поддршка изнесува 10.000 денари, за одобрен просек од 10.001 до 20.000 денари – висината на финансиска поддршка изнесува 20.000 денари, за одобрен просек од 20.001 до 30.000 денари – висината на финансиска поддршка изнесува 30.000 денари, за одобрен просек од 30.001 до 40.000 денари – висината на финансиска поддршка изнесува 40.000 денари, додаваат од МЗШВ.
За оваа намена биле исплатени 44.630.000,00 денари кон 2.316 корисници