ОГРОМНА ТАГА Почина познатиот македонски музичар

Струга е зафатена од тага. Откако предпред околу една недела беше повреден во тешка сообраќајка, денеска, 6 март, почина Нури Хајдари.

Нуриу беше локален музичар, но и една од симболичните личности на градот Струга.

Во објавите на социјалните мрежи голема болка и тага изразуваат десетици граѓани на Струга и пошироко. Неговото заминување се смета за голема загуба за градот Црн Дрим.

„Човекот со трајна насмевка“, „Позитивен и секогаш насмеан човек“, „Голема празнина за градот“, „Секогаш ќе се сеќаваме на убавото време што ни го подари“, се дел од десетиците објави.

Нури Хајдари пред една недела доживеа сообраќајна несреќа додека се враќаше од Дебар каде работеше како цариник.

Оженет е и татко на три деца, два сина и една ќерка.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде