Што ќе се случува со „Ѕвездите на Гранд“ по смртта на Поповиќ? Овие детали сите ги растажија

Еве што ќе се случува со „Ѕвездите на Гранд“…

По смртта на естрадниот маг Саша Поповиќ, многумина се прашуваат што ќе се случува со популарното шоу „Ѕвездите за Гранд“.

Овие денови исплива и вистината за тоа кој всушност му ја дал идејата за ова шоу на првиот човек на „Гранд“, но и многу други детали поврзани со животот на естрадата легенда од кого веќе со денови се збогуваат и најголемите музички ѕвезди од целиот Балкан.

Што се однесува до самата емисија и дали таа и во иднина ќе постои, овие дилеми ги разреши Весна Милановиќ, главниот ПР на Гранд продукцијата, која за медиумите откри што ќе се случува.

И како што вели таа, Поповиќ пред месец и половина бил во студиото и тогаш добил громогласен аплауз од жирито.

Тој имал потполна доверба во луѓето со кои соработувал со години, така што работата нема да застане ниту една секунда, бидејќи, како што вели Милановиќ, тоа била негова желба.

Потсетуваме, во врска со емитувањето на „Ѕвездите на Гранд“, неодамна се огласи и Снежана Ѓуришиќ која исто така е дел од шоуто.

„Тој одамна замина од Гранд продукција, но форматот на ‘Ѕвездите на Гранд’ е негова приказна. Не знам, но верувам дека тоа ќе продолжи бидејќи тој навистина имаше луѓе околу себе кои го научија тоа и видеа што и како треба. Времето ќе покаже што и како понатаму кога е во прашање“, изјави познатата пејачка.

Извор: Гламур

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде