Трагедија: Почина познатиот јутјубер кој неодамна имаше тешка сообраќајна несреќа

Познатиот јутјубер Ендру Крос почина на 36-годишна возраст по тешката сообраќајна несреќа што ја имаше на почетокот на годинава во Колорадо.

Познат и како „DesertDrifter“, Крос имал над половина милион следбеници на „Јутјуб“, а откако не успеал да закрепне по тешката повреда на мозокот, семејството одлучило да му ја исклучи поддршката во живот.

– Духот на Андреј е слободен, опкружен со светлина и љубов. Ова е голема загуба за сите нас и ние сме неизмерно благодарни за вашата поддршка и молитви – објави неговата сестра на веб-страницата „CaringBrigde“.

Неговото семејство отвори страница „GoFundMe“ каде собраа околу половина милион долари за да ѝ помогнат на неговата сопруга со болничките трошоци.

Крос ги опиша своите авантуристички патувања во неговите блогови, а неговите следбеници се простија од него на неговиот канал.

– Ќе ни недостигаш. Нема видеа што се споредуваат со овие. Не одведовте на места што никогаш не можевме сами да ги посетиме. Преку вашиот објектив, можевме да ѕирнеме во минатото. Почивај во мир – напиша еден следбеник.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде