Утрото ведро и постудено, преку денот сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.
Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 2, а максималната ќе достигне од 17 до 23 степени.
Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 22 степена.
Продолжува периодот на релативно топло време за овој период од годината. До вторник ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност.
Во вторник кон крајот на денот и во среда ќе има локални врнежи од дожд и ќе дува засилен јужен ветер, објави УХМР.
Дожд во вторник и среда најавува и Славчо Попоски.
Во вторник и во среда 11 и 12 март ќе следи промена на времето, локални врнежи, повремено силен ветер од јужен правец со над 75 км на час и невообичаено топло за месец март, а од Сахара кон Балканот и Македонија ќе се врши транспорт на прашина и песок, и тоа поради силното јужно и југозападно воздужно струење, објави Попоски.