Синоќа по полноќ се случила сообраќајна несреќа на патот од Скопје кон Средно Водно, кога млад државјанин на Турција излетал од патот со „бмв“ во кое заедно со него се возеле три тинејџерки, исто така Турчинки.
„Денеска (07.03.2025) околу 01.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на локалниот пат Скопје-Средно Водно,
патничко возило „бмв“ со албански национални ознаки, управувано од Х.И.Д.(22) од Република Турција, со привремен престој во Скопје, излетало надвор од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и сопатничката З.А.(19), а со телесни повреди се здобиле уште две сопатнички Е.А.(18) и А.И.(19), сите од Република Турција, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ и Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје“, инфмормира МВР.