Водителката Сања Кужет (41) се породи минатата година и го роди синот Вук, а додека беше бремена се повлече од јавноста и го напушти проектот „Ѕвездите на Гранд“ што го водеше.
Потоа на местото на Сања Кужет пристигна пејачката Ана Севиќ, а сега дојде до неочекуван пресврт.
Имено, водителката на својот Инстаграм сподели видео од студиото и откри дека се вратила во „Ѕвездите на Гранд“.
– По година и пол назад во студио… Измешани чувства – напиша таа.
Да потсетиме, Сања Кужет со емотивни зборови се прости од креативниот директор на Гранд, Саша Поповиќ, кој почина на први март на 70-годишна возраст.
„Среќа е ако во животот имаш можност да запознаеш големи луѓе од кои можеш многу да научиш. Сале ми даде шанса да учам, да се докажувам и да уживам во мојата работа секој ден. Веруваше во мене, затоа го промени курсот на мојата професионална кариера и го издигна на највисоко ниво. Повеќе од една деценија соработка не направи пријатели. И сега слушам: „Ајде Сајка, она твое најсилно!“, почна таа и додаде:
„Ти ветувам Салe, ќе биде уште посилно, но останавме без лидер… Ова сценарио не требаше да биде, не е фер… Празно е… И ќе биде… Ти благодарам за се, голем Поповиќ“, рече таа.
