Вечерва на скопската обиколница се случила сообраќајна незгода, во која се судриле два автомобила, јавува ТВ „21“.
Полицијата е на местото на несреќата и врши увид кој треба да ги утврди сите околности на судирот.
Засега нема информации за повредени лица или жртви.