Тешка сообраќајка, се преврте комбе на Брза помош

Возило на Брзата помош превртено, а речиси целосно уништен автомобил е епилогот по синоќешната тешка сообраќајна несреќа на Партизанска во Скопје.

Две лица се повредени, а Шефот на смена во Брза помош – Скопје, доктор Драган Панов вели дека Брзата помош била од приватна клиника.

Повредените се пренесени во Ургентниот центар за понатамошен третман и опсервација.

На лице место извршен е увид и времено сообраќајот беше пренасочуван.

Во моментов не се јавни причините за несреќата.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде