Тажна вест: Почина поранешниот македонски фудбалски судија и спортски работник

Утрово на 76-годишна возраст по кратко боледување почина струмичанецот Ѓорѓи Панчуров, објави Струмица нет.

Панчуров беше спортски работник,поранешен сојузен фудбалски судија во бивша Југославија, кој на 33-годишна возраст започнал да суди во Првата Југословенска лига.

Посмртните останки на Панчуров ќе бидат изложени утре (недела, 9 март),

од 12:00 до 14:00 часот во Градската капела во Струмица по што ќе се изврши погребот.

Извор: Струмица нет

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде