Страотни сцени од местото на несреќата во САД: Се урна авион во станбена зона

Мал авион попладнево се урна во близина на пензионерската заедница во округот Ланкастер, Пенсилванија, јавува Си-Ен-Ен.

„Авионот падна, а итната помош е на терен“, потврдија од полицијата.

Според извештаите, авионот удрил на паркинг, предизвикувајќи пожар кој зафатил неколку возила.

Службите за итни случаи, вклучително и противпожарна, полиција и екипи за опасни материјали се на местото на настанот.

Пријавени се неколку повредени лица, но детали за бројот и тежината на повредите се уште не се соопштени.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде