Најави за невреме – силен ветер, пороен дожд и грмежи

Времето денеска на територијата на Македонија ќе биде сончево и топло.

До сабота ќе се задржи топло време со дневни температури кои на повеќе места ќе бидат над 20 степени и ќе дува засилен јужен ветер (над 60 km/h).

Во Скопје преку ден ќе бидее сончево и топло, а попладне ќе има повремен дожд. Температурата ќе се движи до 23 степени.

Како што информира УХМР, утре од попладневните часови до четврток претпладне ќе има локални врнежи од дожд, наместа поројни, проследени со појава на грмежи, особено во ноќните часови кон четврток.

Преодно стабилизирање на времето ќе има во петок и сабота, а во недела повторно на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.

Според прогнозата, во сабота максималните дневни температури ќе достигнат 28 степени.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде