Гори шума и пожарот брзо се шири, градоначалникот бара помош за гасење

ПОЖАР кај месност викана КАША, во с. Ратево- Берово, објави градоначалникот Пекевски.

АПЕЛ до граѓаните да се вклучат во гаснењето.

Почитувани жители на Општина Берово,

Пред малку избувна пожар, над месност викана КАША, на потегот од с. Ратево кон туристичката населба Беровско Езеро.

Гори шума и пожарот брзо се шири.

Потребна е помош, за гаснење на пожарот, па се молат, сите кои се во можност, активно да се вклучат во гаснењето на пожарот, заедно со нашите пожарникари.

Фото: Пожар/илустрација

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде