ВОНРЕДНО: Се преврте камион кај Кавадарци – првични информации

Голем камион денеска се преврте и падна во дол на патот Кавадарци-Прилеп, кај селото Раец,

а возачот и совозачот се извлечени од минувачи кои биле сведоци на несреќата и запреле да помогнат, како и од мештани на селото.

На снимка, која на порталот „24инфо“ му ја испратил читател, се гледа како возачот и совозачот се извлечени од превртениот камион со скопски регистарски таблички.

За среќа, тие не се повредени.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде