Драматични сцени: Камион се превртe на Плетвар – возачот го вадат низ прозор

Камион со скопски регистарски ознаки денеска излета од патот Кавадарци-Прилеп и падна во дол во близина на селото Раец.

Според очевидци, возачот и совозачот биле извлечени од случајни минувачи и мештани, кои веднаш притрчале на помош.

На снимка испратена до порталот „24инфо“, се гледа како двајцата мажи успеваат да излезат од превртениот камион.

За среќа, и покрај драматичниот пад, тие не се здобиле со повреди.

Причините за несреќата засега не се познати, а надлежните служби ќе спроведат истрага за утврдување на околностите под кои се случил инцидентот.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде