Манев: Палевски првин ја праша Вања кои и’ се родители за да им испрати слики, a потоа…

Обвинетиот Велимир Манев сведочеше за грабнувањто на Вања во судот, тврдејќи дека Љупчо Палевски-Палчо им покажувал слики од возрасна жена која требала да биде киднапирана, а во комуникација со него тие ја киднапирале 14 годишната Вања, не знаејќи дека е дете.

Ја грабнале во влезот во зградата, ја врзале, во вреќа за спиење, која претходно ја земале од канцеларија и ја ставиле во гепекот.

„Стигнавме до местото Дупки и го отворивме гепекот, Палчо ја праша како се вика, кој е татко, мајка од кој е, и откако тоа го дозна, ни рече да ја извадиме надвор од колата. За да ја слика и да може да прати слики на родителите и на фамилијата.

Ја извадивме, ја откопчавме вреќата за спиење и салотејпот кога го тргнав, тогаш видов дека тоа е дете, а не жена.

Одма му рековме јас и Влатко бевме до него, ова е некоја грешка, дека треба да го пуштиме назад девојчето, бидејќи сме под маски нема никој видено да ја ослободиме. Палчо повторно почна да ми кажува да прекинам, дека јас ништо не знам, се е чисто“, сведочеше Манев.

Потоа им рекол дека првичната сума која им ја понудил за грабнувањето, нема да може да се земе и дека сумата ќе биде помала.

„Се свртев да гледам кон лозјата, за да видам бидејќи беа некои запуштени лозја кон напуштените соби. За да видам во која од собите да ја внесеме. Додека пријдов и гледав, Палевски пријде на детето со пиштолот и со перниче во рака и го испука куршумот преку перниче и јас повторно бев надвор од себе. Се врати Палчо до пикапот и од него извади копач и лопата, нови неупотребени. Ги фрли пред нас и нареди да ископаме дупка за да се закопа детето“, сведочеше Манев.

Палчо им наредил да закопуваат, а Манев тврди дека плачел. Потоа Палевски го запалил автомобилот на Панче Жежовски.

Тој рече и дека бил натеран со тепање од полициски инспектори, да каже дека Љупчо Палевски бил во комуникација со таткото на девојчето, Александар Ѓорчевски.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде