Маж пронајден мртов во неговиот двор со траги од крв на главата

Во СВР Велес вчера во 13.25 часот од Итна медицинска помош Велес било пријавено дека во дворот од семејната куќа бил пронајден починат 63-годишниот Г.К.

од Велес со траги од крв во пределот на главата, информираат денеска од велешката полиција.

Појаснија дека лекар констатирал смрт, увид на местото извршил јавен обвинител во содејство со увидна екипа од СВР Велес.

По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде