Управата за хидрометеоролошки работи УХМР се огласи со нова прогноза за следните денови.
Од таму велат дека од вторник на повисоките места ќе врне снег.
„Денеска и утре времето ќе биде стабилно и топло со засилен јужен ветер (над 60 km/h).
Во недела локално, а во понеделник на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, краткотрајно во форма на невреме.
Во вторник се очекуваат локални врнежи од дожд, а на планините од снег.
Ќе дува засилен северен ветер и дневните температури ќе опаднат за 7 до 10 степени.“, велат од УХМР.
