Премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање, информира дека очекува многу добри вести за македонските граѓани во текот на април и мај.
Станува збор, рече тој, за еден меѓувладин договор, кој би го потпишале со многу моќна европска земја, а кој се мери во милијарди и ќе биде наменет за проекти, во инфраструктурата и во здравството.
„Очекувам добри вести за македонските граѓани во текот на април и мај. Очекувам многу добри вести на еден, би рекол, меѓувладин договор што би го потпишале со многу моќна европска земја. Кој ќе се мери во милијарди.
Не во милиони, во милијарди, за проекти што се во инфраструктурата и во здравството, сега засега но тоа портфолио може и да биде зголемено. Но, очекувам ваков меѓувладин договор, ќе повторам – со многу моќна европска земја, кој ќе значи повеќе од 10 % од домашниот бруто-производ“, објасни премиерот.
Точно за кои проекти станува збор, премиерот Мицкоски рече дека првин да завршат преговорите по што јавноста многу бргу ќе биде информирана.
„Многу бргу ќе ја добиете и оваа информација. Да почекаме да привршат преговорите, да се завршат, тоа ќе биде исклучително позитивна вест и дополнителен пресврт.
Да зборуваме за убави работи. Тоа е она што го сака оваа Влада, секој ден да зборуваме за убави работи“, додаде тој.