Доцна вечерва тешка сообраќајка, има повредени

Полицијата вечерва издаде официјално соопштение околу вечерашната сообраќајна несреќа во скопската населба Влае.

Според МВР, во судирот меѓу два автомобила и мотор, повредени се двајца луѓе, кои се пренесени во болницата „8 Септември“.

„Денеска околу 19 часот во СВР Скопје е пријавено дека се случила сообраќајна несреќа на ул.„Ацо Шопов“ во скопската населба Влае, во која учествувале патничко возило „фиат“, управуванo од Б. Р. (25) од с.Буковиќ, патничко возило „пежо”,

управувано од С.А. (52) од Скопје и моторцикл „сузуки“ управуван од А.Ј. (35) од Скопје. Б.Р. и А.Ј. со Итна медицинска помош се пренесени во ГОБ “8 Септември”, информираат од МВР.

Полицијата изврши увид на местото на несреќата, во близина на бензинската пумпа „Лукоил“ во Влае.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде