Овации, солзи – Србија на нозе: Студенти пристигнуваат од сите краеви – Белград утре ќе биде центар на светот

Овации, солзи, песни, храна, пијалаци, масажи – сето тоа белградските студенти во блокадата и граѓаните кои ги поддржуваат подготвија на Теразије за со црвен килим и медали да ги пречекаат своите колеги од другите градови на Србија пред масовниот протест кој за утре е најавен во главниот град на соседна Србија.

Речиси ист третман добија мотоциклистите и велосипедистите од разни краеви на Србија кои пристигнаа во центарот на Белград.

Повеќе белградски факултети се спремни да ги дочекаат и примат своите колеги од другите градови.

Насекаде може да се видат бројни пораки на поддршка за колегите и соборци. Булеварите кои водат кон Теразије се затворени но не и празни – полни се со граѓани кои сакаат да ги поздрават земјаците од разни краеви на земјата.

Во исто време редарите на „студентите кои сакаат да учат“ ги замени полициска жандармерија на влезот во Пионирски парк каде што тие кампуваат. Граѓани сè уште се собрани околу и пред влезот во паркот барајќи да го напуштат.

И светските медиуми известуваат вечерва за дочекот на студентите на протестот во Белград.

Агенциите Ројтерс и Тајмс дочекот на студентите го пренесуваат во живо на своите јутјуб канали

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде