Доцна синоќа тешка сообраќајна несреќа

Тешка сообраќајна несреќа се случи синоќа во Ѓорче Петров, кај комплексот „Александрија“..

Според информациите на МВР, во несреќата учествувале три возила – два автомобили и еден мотоцикл, а се случила на крстосница од улиците “Скупи” и “Ацо Шопов”..

Две лица со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во болница за укажување помош, но не е познато колку се сериозни нивните повреди..

Очевидци за Канал 5 велат дека најтешко поминал мотоциклистот, чиј мотоцикл бил речиси преполовен..

Неофицијално, едно од возилата обидувајќи се да претекне друго удрило директно во мотоциклистот..

Во моментов се уште се врши увид на местото на настанот.. Местото го обезбедува полиција, а улицата е затворена за сообраќај..

Фото: 360 степени

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде