Важна информација за сите корисници од оваа македонска банка!

Соопштение од Стобанска банка.

Почитувани клиенти,

Во периодот сабота 15.03 / недела 16.03 Банката ќе спроведува планирана активност која засега дел од информатичките системи. Со цел изведување на активностите, во прекин ќе бидат услугите електронско и мобилно банкарство во голем дел од посочените датуми.

Мрежата на банкомати ќе биде целосно во употреба со сите свои функционалности:

– проверка на состојба

– пренос на средства помеѓу денарски сметки во Стопанска банка и

– уплата и исплата на готовина

Нашиот тим посветено работи на модернизација на услугите и сервисите кои ги нуди Банката за се поголем број на клиенти. Банката дополнително ќе информира за успешно спроведување на активноста и достапноста на сервисите.

Стопанска банка АД – Скопје

На ваша страна

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде