Две лица се повредени во синоќешната сообраќајна несреќа во Влае во која учествувале две возило и мотоцикл.
Според полицијата, вчера околу 19 часот во СВР Скопје е пријавено дека се случила сообраќајна несреќа на ул.„Ацо Шопов“ во скопската населба Влае,
во која учествувале патничко возило „фиат“, управуванo од Б.Р. (25) од село Буковиќ, патничко возило „пежо”, управувано од С.А. (52) од Скопје и моторцикл „сузуки“ управуван од А.Ј. (35) од Скопје.
Б.Р. и А.Ј. со Итна медицинска помош се пренесени во ГОБ “8 Септември”, информираат од МВР.
Полицијата изврши увид на местото на несреќата, во близина на бензинската пумпа „Лукоил“ во Влае.