Денеска (15.03.2025) во 06.50 часот во Пробиштип, полициски службеници од СВР Штип лишиле од слобода лице(21) од село Пуздерци, пробиштипско.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба биле пронајдени и одземени марихуана, семки од растението канабис и предмет со остатоци од прашкаста материја. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 14.03.2025 во 17.30 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода лице(20) од Прилеп затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 14.03.2025 во 22.00 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода лице(28) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 14.03.2025 во 20.00 часот во Скопје, на подрачјето на Чаир, полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода лице (26) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 14.03.2025 во 23.05 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода лице (35) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 14.03.2025 во 11.30 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека во Казнено – поправната установа Затвор Прилеп биле пронајдени таблети, прашкаста материја и дигитална вага. Полициски службеници извршиле увид и предмети биле подигнати за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
На 14.03.2025 во 13.20 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници го привеле лице (36) од Скопје затоа што кај него бил пронајден и одземен нож. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 14.03.2025 во 11.00 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода Н.Т.(50) од Република Србија затоа што при пасошка контрола и проверки во оперативна евиденција било констатирано дека евидирал на стоп листата. Тој бил предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.