Вознемирувачко: Први снимки од моментот кога се запали дискотеката во Кочани

Најмалку 50 лица се загинати во дискотека во Кочани во која ноќеска избувнал пожар за време на концерт на позната група, потврдија од МВР за МИА. 

Според информациите објавени во дел од медиумите пожарот најверојатно настанал поради употреба на пиротехнички средства.

Бројот на повредени во пожарот во дискотека во Кочани е голем и го надминува капацитетот и можностите на болницата во градот, па дел од нив се префрлен во Штип и во Скопје.

Неофицијално, полицијата ги приведува на информативен разговор сите кои на било кој начин се поврзани со организирање на настанот.

На социјалните мрежи се споделуваат видеа од моментот кога настана пожарот во дискотеката.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде