Блиските во очај бараат помош: По социјални мрежи се бараат лица кои биле во дискотеката во Кочани!

На социјалните мрежи денеска излегуваат фотографии oд млади луѓе за кои се тврди дека биле во дискотеката Пулс во Кочани каде изби пожар и загинаа десетици луѓе. Луѓето одат и во болниците и бараат информација за најблиските. 

Фејсбук објава на Фросина Фро:

Доколку некој ги видел во некоја од болниците овие лица или во дискотеката во Кочани, нека се јават.

Нивните семејства ги бараат. На секоја од сликите има контакт телефон од фамилијата.

Нека се рашири што побрзо информацијава, оти нема пострашно за родител да не знае дали чедото му е живо или мртво.

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кочани е веќе на терен, а дополнително, кон градот се упатени и претставници од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде