Еден роднина на повредено девојче кое е на возраст од 16 години вели дека глетката во болницата во Кочани е страшна – холот бил преполн со мртви тела на млади луѓе.
Тој вели дека девојчето било меѓу првите кои излегле од дискотеката, но има сериозни изгореници
„Јас бев на лице место во болницата, ова е страшно. Мртви тела лежат по холот по болницата, да мора да прескокнуваш мртви тела да влезеш да видиш како е сестра ти. Ја видовме на кратко, па кажаа дека ја префрлаат во Скопје поради тешките повреди“, вели тој.
Според него, влезот во дискотеката е мал.
„Тоа е една мала врата, мал пролаз, сигурно не можеле сите да излезат. Видов над 100 повредени во болница, мислам ни еден клинички центар не може да прими толкава бројка“, вели родинината.