Сиљановска Давкова со солзи во очите: Не можам да сфатам како е можно ова да се случи

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова ги посети повредените од катастрофалниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани кои се сместени во Градската болница „Свети Наум Охридски“ во Скопје.

– Прво надеж, а потоа болка. Млади луѓе се тоа ќе издржат, треба да ги охрабриме. Верувам дека повеќето од нив ќе се спасат, лекарите се тука… Не можам да сфатам како е можно ова да се случи – рече таа.

Прашана за причините за пожарот, за употребата на пиротехнички средства таа рече:

– Тоа е нешто што мора однапред да се предвиди. Не е прв пат ова да ни се случи.

Новинарката ја праша дали знае дека не постои веќе центар за изгореници.

– Не знам да ви кажам. Ова што го видов овде ми изгледа стручно. Не знам за центарот, добро што ми рековте, ќе прашам сега – рече претседателката.

Било што да ви треба, јавете се, им рече таа на родителите кои седеа на клупата пред болницата.

Претседателката соопшти дека директорот на болницата ќе напише сѐ што е потребно од медицински материјали, бидејќи најверојатно имале потреба од повеќе гази.

Претседателката рече и дека понуди за помош пристигнале од Воено-медицинската академија во Белград, како и од Бугарија и од други земји од регионот.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде